Кинескиот претседател Кси Џинпинг знаел за епидемијата на новиот коронавирус неколку недели пред јавно да се објави проблемот и повика на одлучувачка акција за да се надмине.Тоа е објавено денеска во веснико Жемнин жибао.
Во говор на 4 февруари на состанокот на Постојаниот комитет на Политбирото на ЦК, тој изјави дека уште на 7 јануари „се обидел да работи за да се спречи и контролира (епидемијата) на новиот коронавирус“.
И покрај наредбите на Кси, во главниот град Хубеи, Вухан, епицентарот на епидемијата, тие задоцниле со нивниот одговор, па дури организирале масовен банкет за 40.000 семејства за поставување рекорд за Гинис на 18 јануари.
Одлуката за објавување на говорот е донесена откако неколку официјални претставници на Комунистичката партија на Кина на локално и провинциско ниво во Хубеи беа отпуштени поради лошото справување со епидемијата.
Во првите денови на епидемијата, која стана еден од неговите најголеми предизвици, тој молчеше на таа тема. Објавувањето на говорот укажува на тоа дека високото раководство знаело за сериозноста на епидемијата неколку недели пред заканата да се објави во јавноста.
Властите објавија дури кон крајот на јануари дека вирусот може да се пренесе од човек на човек, а потоа почна да се зголемува тревогата во општеството.
Во својот говор, вели дека тој е тој што наредил да биде блокиран епицентарот: „На 22 јануари, со оглед на брзото ширење на епидемијата и предизвиците на превенцијата и контролата, јас јасно и недвосмислено побарав од покраината Хубеи да воведе сеопфатни и ригорозни мерки за контролирање на протокот на луѓе (напуштање на провинцијата)”.
На 23 јануари Вухан стана првиот град што воведе забрана за возила што го напуштаат градот.
Довербата во пристапот на владата кон епидемии продолжува да биде поткопана со избувнувањето на тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) од 2002-2003 година, кој беше прикриван со месеци.