Никој не негира дека мајката на сопругата на министерот Венко Филипче, Катерина Савеска и сопственикот на фирмата „Синерџи“, Горан Филипов, што редовно добива тендери за набавка на материјали за државни болници, заедно градат куќа, објави Алфа.
Од министерството за здравство реагираат:
-Не постои никаква поврзаност помеѓу министерот Венко Филипче и наводниот објект за којшто се зборува во прилогот или со сопственикот на објектот. Секоја релација што е наведена во прилогот е неоснована, произволна и резултат на претпоставки. Целиот прилог се базира врз наводни врски и наоди кои се истакнати во самиот прилог и кои немаат врска со реалноста. Исклучена е можноста за какво било влијание врз тендерската постапка од страна на министерот или кое било друго лице од Министерството за здравство. Од медиумот Алфа бараме да се извини за невистините изнесени во текстот, се наведува во реакцијата на државната институција. Според службата за односи за јавност, со прилогот се вршел обид, името на министерот да се поврзе со искреирана бизнис релација со што ќе се дискредитирало името на функционерот и процесите на Министерството за набавка на медицинска опрема.
Нејасно е зошто министерот самиот дирекно не негираше дека негова роднина и сопстеникот на „Синерџи“, за кој потврди дека го познава, но не биле многу блиски пријатели, заедно градат куќа.
Според документи на „Алфа, името и презимето, а и адресата на сопственикот на „Синерџи“ се исти со податоците во катастар. Куќата постои, се наоѓа во Нерези и е во постапка на градба.
Се поставува прашањето зошто сопственик на фирма која секој месец добива тендери од државни институции, заедно со роднина на функционер гради куќа голема над 1000 м2?