Минијатурната стогодишна куќичка со станбен простор од само четири (4) квадратни метри е понудена на продажба во германскиот град Бремен за 77.777 евра или 91.000 американски долари.
Куќичката е на парцела од седум квадратни метри во старото градско јадро, на еден кат е и со тераса на покривот, има тоалет со туш, плоча за готвење и нишо за спиење.
Во цената е вклучена и провизијата од 6 отсто за агентот.
„Ова можеби е најстарата мала куќа во Германија“, изјавил Тобијас Лахман од агенцијата за недвижнини „Kensington Bremen“, пренесува агенцијата DPA.
Лахман додал дека точната старост на куќата е тешко да се одреди.
Било решено цената да биде токму онаква каква што е, поради тоа што сегашниот сопственик има 77 години, а парцелата е голема 7 квадратни метри.
Повеќе од 80 можни идни сопственици се заинтересирале за куќичката, која е сместена во бременскиот кварт Шнор, каде што малите разнобојни куќи се нанижени во тесните улички.