Кубанците со големо мнозинство гласале за легализација на истополивите бракови и посвојувања на неделниот референдум кој го поддржа владата, објави националната изборна комисија во понеделникот.
Повеќе од 3,9 милиони избирачи гласале за ратификација на кодексот, или 66,9 отсто, додека 1,95 милиони се спротиставиле на ратификацијата, или 33 отсто, соопшти во понеделникот на државната телевизија Аин Балсеиро Гутиерез, претседателката на изборната комисија. Прелиминарните податоци на изборната комисија покажале дека 74 отсто од 8,4 милиони Кубанци со правот на глас излегле на неделниот референдум.
„Правдата е задоволена. Тоа е отплатување на долгот за неколку генерации Кубанци и Кубанки чиишто семејни проекти со години чекаа на овој закон“, објави на Twitter кубанскиот претседател Мигуел Дијаз-Канел.
„Семејниот кодекс“ на 100 страници ги легализира еднополовите бракови и граѓанските заедници, им дозволува на истополовите двојки да посвојуваат дена и ја афирмира поделбата на семејните права и обврски меѓу мажите и жените.
Во Куба не постојат независни набљудувачи на изборите, иако граѓаните можат да го следат броењето на гласовите на избирачките места. Се чини дека раштрканите локални извештаи за пребројувањето на социјалните мрежи се совпаѓаат со официјалните резултати.
Објавувањето на резултатите следеше откако Дијаз-Канеч претседаваше со итниот состанок поради ураганот кој треба да мине преку западниот дел од островската држава во вторникот рано утрото по локално време.
На официјалниот профил на Twitter беше објавено дека присутните во просторијата на ракоплескале, а претседателот се израдувал на објавената вест. Дијаз-Канел ја предводеше кампањата за усвојување на кодексот.
Според кубанските стандарди, одѕивот на референдумот е релативно скромен, додека 33 отсто од гласовите „против“ е релативни голем во земјата која ја управува комунистичката партија откако на претходните референдуми ставовите на владите беа речиси едногласно одобрени.
Несогласувањата се оценуваат како показател дека Куба се менува, како и за актуелните тешки економски околности кои доведоа до недостиг од електрична енергија и редови за храна, лекови и горива. Неделното гласање беше првото откако мобилниот интернет беше легализиран во 2018 година, што овозможи да се прошират спротиставените ставови.