Кубанскиот претседател ги повика приврзаниците да спречат контрареволуција на улиците

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во неделата преку обраќање преку нациналната телевизија ги повика своите приврзаници и бранителите на Кубанската револуција да излезат на улиците за да спречат можни провокации против владата.

„Ги повикуваме сите бранител на Револуцијата и сите комунисти да излезат на улиците, каде и да се случиваат провокации од овој момент и во следните денови“, апелираше кубанскиот претседател.

Претседателот по информациите дека се подготуваат протести рече дека станува збор за провокации за коишто стојат „контраревуцинерни платеници“.

Претходно западните медиуми без наведување извори објавија дека наводно „илјадници Кубанци излегле на улиците од Хавана до Сантијаго во неделата, незадоволни од повеќемесечната криза, пандемиските ограничувања и, како што рекле, затајување на владата“.

„Нема да им дозволиме на никакви контрареволуционерни пладените продадени на американската империја да предизвикаат дестабилизација. Ќе има револуционерен одговор. Затоа ги повикуваме сите комунити да излезат на улиците каде што ќе се случат такви провокации и решително да им се спротистават, рече кубанскиот челник.

Дијаз-Канел истакна дека оние коишто „секогаш ја поддржувале блокадата (американските санкции) и служеле како платеници на империјата на Јенките (САД) денес бараат хуманитарна интервенција“.

Истакна дека таквите луѓе ја поттикнуваат кампањата насочена кон ширењето на идејата дека кубанската влада наводно не може да ја контролира тешката епидемиолошка состојба во оваа островска земја на Карибите.

Претходно кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Париља изјави дека во градот Сан-Антонио-де-лос-Бањос, 24 километри јужно од престолнината Хавана, една група се собрала во еден од централните паркови подготвувајќи се за демонстрации. Претседателот Дијаз-Канел во неделата се упати во овој град.

Западните агенции пренесуваа податоци од снимки кои кружат на интернет за кои се тврди дека го покажуваат протестот на илјадници демонстранти во помал град југозападно од Хавана што е настана без преседан.

Со повиците „Татковина и живот“, што е називот на контроверзна песна, но и „Доле диктатурата“ и „Ние не се плашиме“, демонстрантите, главно млади луѓе според извештајот на AFP, протестирале во неделата на илиците на градот Сан Антонио-де-лос-Бањос, со 50.000 жители.

Се наведува дека од почетокот на пандемијата на коронавирусот во март 2020 година, Кубанците морале да чекаат во долги редови за да се снабдат со храна и биле соочени со недостиг од лекови, што предизвикало наводно силни општествеи немири за што сега првпат известуваат и самите светски агенции кои претходно не пренесуваа такви информации.

Протестот е одржан на денот кога Куба го забележала новиот дневен рекорд според бројот на заразите и смртни случаи од коронавирусот со 6.923 зарази и 47 починати во 24 часа. Куба со 11,33 милион жители досега пријави вкупно 238.491 случај на зараза и 1.537 починати.

„Тоа се загрижувачки бројки кои растат секој ден“, изјави во неделата главниот епидемиолог на министерството за здравство Франциско Дуран на својата редовна прес-конференција пренесувана преку државната телевизија.

Кон средината на јуни Куба објави дека вакцината „Abdala“ против коронавирус, развиена од Куба, која е прва развиена во Јужна Америка, покажала ефекасност од 92,28 проценти против инфекцијата, постигната по три дози. Се очекува нејзино регистрирање подоцна во јуни.

Минатиот месеци, исто така, кубанскиот институт за вакцинација Finli објави дека неговиот кандидат за вакцина „Soberana 2# покажал 62 отсто ефикасност по аплицирање две од трите дози.

Поради ембаргото, Куба почна да развива свои лекови во 80-те години на минатиот век. Куба со економската помош на поранешниот сојузник Советскиот сојуз изгради здравствен систем на кој му завидуваат и развиените земји, иако некои достигнувања се загубени од пропаѓањето на комунистичкиот блок.

Во многу кубански болници состојбата не е добра и Кубанците тешко набавуваат лекови, ситауција за којашто владата во Хавана вели дека е во прв ред последица од повеќедецениските санкции од САД, а западните аналитичари сметаат дека е резултат и на неофикасното државно стопанство во земјата.

И покрај тоа, Куба го има еден од најголемите соодноси на лекар по глава на жител во светот, дури и кога ќе се исклучат многуте стотици кубански лекари кои се во странство, а со своите „медицински бригади“ за помош во катастрофите, како што беше онаа која во март 2020 година кога Италија беше најпогодената земја од Covid-19 во светот, Хавана и натаму ја стекнува наклонетоста ширум светот.