
Куче во четвртокот нападнало жена на булеварот „Партизански одреди“, поради што против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесол, информираше Министерството за внатрешни работи.
Во Полициската станица Карпош 52-годишната Е.Ј. од Скопје, вчера во 17,30 часот пријавила дека истиот ден на булеварот „Партизански Одреди“ била нападната и касната од куче сопственост на 38-годишниот З.Д, исто така, од Скопје, во пределот на десната надлактица.