Едно од двете кучиња на светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон стана многу популарно како модел и заработува 700 долари дневно.
Британскиот пилот има два англиски булдога – Роско и Коко.
Хамилтон ги третира како деца и често Роско и Коко го придружуваат на долгите патувања во приватниот авион на Британецот.
Роско е веќе професионален модел. Учествува во голем број реклами и заработува 700 долари дневно.
Хамилтон изјави дека негов пријател го информирал за кастинг на кучиња, по што конкурирале и Роско и Коко, но само еден бил избран за модел.