Хрватската планинска спасувачка служба соопшти дека утрово е завршена една од најтешките спасувачки операции кои ги организирала и дека е спасен повреден планинар кој се лизнал низ падина од 150 метри на највисокиот врв на Велебит (Вагански врв).
Во акцијата учествувале 27 спасувачи од Госпиќ, Задар, Сплит и Истра. Повредениот планинар се наоѓал на многу непристапен терен, а акцијата за спасување траела речиси девет часа.
Спасувачите објавија и детал на Фејсбук кој ги воодушеви сите. Имено, заедно со планинарот се лизнало и неговото куче. Тоа не било повредено и се свиткало покрај планинарот, греејќи го со своето тело цели 13 часа.
– Од овој пример, сите можеме да научиме како да се грижиме еден за друг, напишаа спасувачите.
Prijateljstvo i ljubav između čovjeka i psa ne poznaju granice. Spletom nesretnih okolnosti jučer popodne otklizali su zajedno niz padinu. Zajedno u sretnim i teškim trenucima, takav je život. North je prošao bez ozljeda, ali njegov prijatelj, mladi planinar nije bio te sreće. pic.twitter.com/t0Ptk7qXEn
— Hrvatska GSS (@HrvatskaGSS) January 2, 2022