![kuce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/kuce.jpg?resize=696%2C414&ssl=1)
Експертите за здравјето на животните соопштија во средата дека кучето во карантин на жител на Хонгконг заразен со новиот сој коронавирус Covid-19, би можело да биде првиот случај на пренесување на инфекцијата од човек на животно, иако случајот сѐ уште се истражува.
Според направениот тест, песот бил „благо позитивен“ на вирусот, што означува ниско ниво на зараза, соопшти хонконшкото министерство за земјоделие, риболов и заштита на природната околина – AFCD.
„Министерството и натаму ќе ја следи состојбата на кучето…, и ќе го повтори тестот подоцна. Ќе биде вратено на сопственикот, кога резултатите од тестот ќе бидат негативни“, се наведува во соопштението на AFCD,
На интернет страницата на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), објавено е дека досега немало докази дека кучињата може да бдиат заразени со коронавирус.
Експертите кои го истражуваат хонгконшкиот случај, изјавуваат дека сопствениците на домашните миленичиња не би требало да бидат премногу загрижени и да не ги напуштаат своите миленици. Од AFCD велат дека ќе извршат натамошни тестови за да се потврди дали песот бил заразен со коронавирусот. Повторуваат дека нема докази дека домашен миленик може да биде извор на заразата.
Во Хонгконг има 103 потврдени случаи на коронавирус, со два смртни исхода. Поради стравот од ширењето на заразата затворени се трговските центри и рестораните, многу службеници работат од дома училиштата се затворени најмалку до средината на април.
Вирусот се шири со несмалено темпо ширум светот, освен Кина, тешко се погодени Јужна Кореја, Иран и Италија која е најтешко погодена од сите европски земји. Во средата уште неколку земји ги пријавија своите први потврдени случаи. Вкупно 80 држави и територии во светот се погодени од болеста која наликува на зараза од грип и може да предизвика тешко воспаление на белите дробови.
Бројот на случаите на зараза во континентална Кина, каде што на крајот од декември избувна првични епидемијката, достигна 80,270 пациенти, а бројот на починатите до вторникот 3-ти март изнесуваше 2.981 човек.