![kucinja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/kucinja.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Нови напади од куќиња скитници во Скопје, пријавени се два случаи.
– На 12.09.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(43) од Скопје пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.
– На 12.09.2019 во 21.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.П.(66) од Скопје пријавила дека на ул.„Јани Лукровски“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.