![kuce-avtopat](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/kuce-avtopat.jpg?resize=500%2C280&ssl=1)
Кучиња-скитници предизвикале 4 сообраќајни несреќи вчера во периодот помеѓу 9 часот и 19:30 минути на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.
– Во сообраќајките учествувале четири патнички возила, две со гостиварски, едно со скопски и едно со кичевски таблици. За среќа повредени лица нема, усмртени се три кучиња, додека вкупната материјална штета се проценува на над 30 илјади денари. Извршени се комплетни увиди, а причина за несреќите е неконтролирано движење на животните по коловозот од автопатот, изјавил портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според полициските податоци на автопатот што минува низ тетовското подрачје годинава се случиле вкупно 73 сообраќајни несреќи што ги предизвикале животни, во најголем број кучиња-скитници. Во овие несреќи досега не се посериозно повредени возачи или други сопатници од возилата.
– Поради оштетената заштитна жичена ограда што на повеќе места долж автопатот воопшто и ја нема, им овозможува на животните непречено да влегуваат на автопатот и да ги изложуваат на опасност возачите. Потребно што побрзо да се санира оградата таму каде што веќе постои или да се набави и постави нова таму каде ја нема, додал Јосифовски.