Кучи е за компромис меѓу волјата на граѓаните и потенцијалните инвеститори во рударството

Во местата каде што уште не се доделени концесии, да се направи компромис меѓу волјата на граѓаните и потенцијалните инвеститори, рече во петокот министерот за економија Дритон Кучи.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со рудниците во гевгелиско-валандовскиот регион, Кучи напомена дека гласот на народот треба да се слушне и во местата за кои веќе се издадени концесии, но мора да се испочитуваат и инвеститорите кои, според него, ги имаат исполнето своите обврски и придонесуваат за подобрување на економијата.

„Волјата на граѓаните треба да се почитува, но треба да бидеме претпазливи и да видиме дали концесионерите ги имаат завршено сите нивни обврски и дали е се согласно Законот за минерални суровини и законите кои се под ингеренции на Министерството за животна средина“, реќе Кучи по промоцијата на сертицифираните СХЛ обучувачи во туризмот.