Кучињата не може да гласаат, велат германските социјалдемократи посрамени поради новиот партиски член

Социјалдемократската партија на Германија (SPD) беше во вторникот принудена да изјави дека на песот Лима, тригодишна женка, нема да ѝ биде дозволено да гласа со членовите на партијата за коалицискиот договор со конзервативците на Ангела Меркел, и покрај тоа што таа ѝ се придружила на партијата.

Дневниот весник Bild објави во вторникот фотографиjа на шарен пес со црвен шал околу вратот, која е бојата на SPD, под насловот „Ова куче може да гласа за големата коалиција“.

Весникот пишуваше дека Лима добила членска кништа на партијата откако Bild во нејзино име испратил барање за членство на 6-ти февруари. Во личните податоци е наведено дека е од женски пол, невработена и дека има 21 година, кога кучешките години би биле пресметани во човечки.

„Тука не станува збор за кучето Лима, туку за тоа како ние во Bild докажавме дека лесно да се фалсификува гласот на членовите на SPD. Луѓето кои сакаат да манипулираат со гласањето за големата коалиција …. може да го сторат истото“, напиша портпаролот на весникот.

Сите членови на партијата имаат право на глас и своите гласови за коалицискиот договор може да ги испраќаат до 2-ри март. Станува збор за околу 464.000 гласови.

Доколку членовите на SPD го отфрлат договорот, партијата не ќе може да ја дели власта со конзервативците и тогаш би можеле да следи објавување малцинска влада или, пак, нови парламентарни избори.

Андра Нахлес, за којашто се очекува дека ќе биде избрана за челничка на SPD во април, беше принудена да одговори на прашањето на Bild за тоа дали е можно манипулирање со гласовите на партиските членови.

„Песот не може да гласа, рече таа додавајќи дека партијата ќе ги разгледа прваните мерки доколку биде направен измама поврзана со идентитет на член на партијата.