
На македонската економија и оди многу добро, истакна директорот на одделот за проекции во Министерството за финансии во Финска, Мика Куисманен, кој е дел од Твининг проектот за зајакнување на капацитетот на македонското Министерство за финансии за макроекономска анализа и формулирање на политики.
Како што пренесува МИА, тој прогнозира дека економскиот раст ќе биде 3 или 3,5 проценти, што е прилично повисоко од европскиот раст што е се разбира добро за Македонија
– Иднината на македонската економија споредено со останатите економии во Европа е ветувачка. Предизвикот во иднина за Македонија би бил како најдобро да ги искористи ресурсите, да го унапреди пазарот на работна сила и да продолжи со добрите политики на привлекување странски директни инвестиции, изјави Куисманен.
Тој потенцира дека мерките што ги презема Владата одат во добра насока и покажале дека решаваат добро повеќе прашања.
Европската банка за обнова и развој вчера го објави Извештајот за економските изгледи за земјите од ЈИЕ во кој Македонија има најголем раст за наредната година.
– Изгледите на Македонија се зголемени поради подобрата перспектива за големи јавни инфраструктурни објекти, стои во извештајот на ЕБОР, пренесе МИА.
Во Буџетот за 2015 се предвидени капитални инвестиции во износ од 340 милиони евра