Академик Катица Ќулавкова преку својот Фејсбук профил бара да се повлече од понатамошна постапка неуставниот закон за јазиците кој СДСМ и ДУИ насила го туркаат во Собрание.
Таа пренесува став на дел од членовите на МАНУ и други стручни лица порачувајќи дека прашањето за употреба на албанскиот јазик е правно затворено.
Предлог на некои членови на МАНУ и претставници на стручната заедница од РМ: Да се повлече од натамошна постапка Предлог-законот за употреба на јазиците и, евентуално, да се пристапи кон измена и дополнување на постојниот Закон за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа“ (2008; 2011), затоа што со истиот тој Закон веќе се остварени политичките заложби на Рамковниот договор и се конкретизирани решенијата од амандманот V на Уставот на РМ, поврзани со унапредувањето на статусот на албанскиот јазик и на јазиците на другите заедници во РМ. Според нас, прашањето за употребата на албанскиот јазик во РМ и јазиците на другите заедници, општо гледано, е правно затворено, објави Ќулавкова