Кулеба ја нападна Германија и тврди дека војната немало да се случи доколку Украина е членка на НАТО

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави во ноќта кон понеделникот дека била стратешка грешка на Германија и на Франција кога во 2008 година се спротиставиле на пристапувањето на Украина во НАТО.

Сега неговата земја плаќа за таа грешка, оцени шефот на украинската дипломатија.

„Доколку бевме членка на НАТО, оваа војна немаше да се случи“, изјави Кулеба во емисијата „Meet The Press“ на американската телевизиска мрежа NBC News.

Кулеба ја нападна Герамнија и за тоа дека не пружила поддршка на неговата земја, бидејќи сѐ уште размислувала во категориите на одбранбено и офанзивно оружје кога станува збор за воената опрема.

„Да не изгубивме доволно време во расправи за прашањето за одбранбеното во однос на офанзивното оружје и што на Украина ѝ е потребно а што не ѝ е потребно, сега ќе бевме во поинаква позиција, во посилна позиција“, рече Кулеба.

Украинскиот министер истакна дека неговата земја им предлага „чесен договор“ на НАТО и на Западот.

„Дајте ни сѐ што ни е потребно. А ние ќе се бориме така што вие не треба да влезете во борба кога (рускиот претседател Владимир) Путин ќе реши да го тестира членот 5 од Северноатлантскиот договор“, истакна Кулеба.

Алудираше на членот според кој напад на која и да е членка на НАТО е напад врз сите членки. Бидејќи Украина не е членка на Алијансатам, не може да бара помош во согласност со тој член.

Кулеба рече и дека Украинците знаат да се борат, но дека им е потребно ооружје за борба против руските сили.

Претходно американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, исто така, во текот на гостувањето во емисијата „Meet the Press“ на телевизијата NBC News рече дека САД „работеле 24 часа дневно за да се испорача оружјето … како и на организирање и координација на испораките на оружје од многу други земји“. „Оружјето пристигнува (во Украина)…, вклучително и денеска“, истакна Саливан.

„Ќе ѝ доставиме на Украина оружје коешто ѝ е потребно за да може да се бори против Русите, да ги спречи да заземат уште градови и места каде што правата такви злосторства“, изјави Саливан за утринската емисија „This Week“ на американската телевизиска мрежа ABC News.

Белата куќа соопшти во петокот дека САД само од 24-ти февруари од почетокот на руската офанзива, на Украина ѝ испратиле воена помош во вредност од 1,7 милијарди долари.