Украинските власти се разочарани од Германија и велат дека им треба оружје, а не изговор.
Украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба ја обвини Германија дека ги игнорира молбите на Киев за тенковите Леопард и борбените возила на пешадијата Мардер, велејќи дека Берлин нуди само „апстрактни стравови и оправдувања“ за тоа што не обезбедува такво оружје, пренесува Ројтерс.
„Разочарувачки сигнали од Германија, додека на Украина сега и се потребни тенкови и борбени возила – за да се ослободат луѓето и да се спасат од геноцид“, напиша Кулеба на Твитер.
Прашува од што се плаши Берлин, а Киев не се плаши.
Повеќе земји досега донираа оружје за Украина. САД помогна со моќно и модерно оружје. Донираа и многу европски земји. Украина цело време апелира за повеќе оружје за да може да се одбрани од руската агресија.
Инаку, украински разузнавачи тврдат дека Русите бегаат од Крим. Војната почна на 24 февруари, а Кулеба уште тогаш повика странските земји да помогнат со оружје, а другото Украина сама ќе го направи.