![kuleba](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/kuleba.jpg?resize=696%2C425&ssl=1)
Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека една од целите на неговата денешна посета на седиштето на НАТО во Брисел е пристапувањето на неговата земја во Алијансата.
-Приемот на Финска во НАТО покажува дека е дојдено време да се преиспитаат претходните стратегии, посочи Кулеба, додавајќи оти очекува дискусија за стратешкиот план за одржливо снабдување со воена помош на Украина.
Тој додаде дека ќе разговара и за забрзување на испораката на веќе ветената опрема.
-Тука спаѓаат муниција и оклопни возила, истакна Кулеба, кој ќе учествува на состанокот на Комисијата НАТО-Украина.