Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави во четвртокот дека во разговорите со рускиот колега Сергеј Лавров не е постигнат напредок по прашањато на прекинот на огнот, кој Русија еднострано го прогласи претходно, поради евакуација на цивилите.
Зборувајќи по разговорот со шефот на руската дипломатија во турска Анталија, Кулеба рече дека најтешка е ситауцијата во јужниот град Мариупол, и дека Лавров не бил предаден на решението за хуманитарен коридор во овој град.
Украинскиот министер ја повика во средата Русија да дозволи евакуација на цивилите од овој град. Но Москва создаде коридори уште во саботата а пропаднаа и двата обида за извлекување на цивилите низ коридорите кои ги отвори руската војска. Двете страни меѓусебно се обвинуваат, а руската и во четвртокот повтори дека контролата во Мариупол всушност ја имаат ултранационалистичките паравоени формации и платениците кои не им дозволуваат на цивилите да го напуштат градот злоупотребивајќи ги како жив штит.
Кулеба истакна дека Украина е „подготвена за дипломатија, но е подготвена и да се брани“.
Градските власти во Мариупол во четвртокот тврдат дека населбите се цел на руски гранатирања, но Москва тврди дека врз станбените населби пукаат паравоените формации кои се борат на украинска страна за да ја обвинат руската за разрушување на градот, како и дека своите позиции ги зацврстуваат токму во станбените населби.
Кулеба пред новинарите рече дека се чини оти Русија ќе ја продолжи офанзивата и дека бара предавање од Киев „коешто нема да го добие“. Украинскиот министер имал впечаток дека Русија „во овој момент не е подготвена на примирје“.
Лавров на одвоена конференција за медиумите рече дека министрите за надворешни работи имаат друга работа во кризите, отколку темите што ги наметнал соговорникот.
Шефот на руската дипломатија порача дека руската воена операција во Украина се спроведува според планот и го обвини Западот дека „создава опасна ситуација во Украина и регионот која ќе потрае долга низа години“, како и дека оние земји „кои ѝ испорачувале и испорачуваат оружје на Украина и на тамошните националисти и платеници треба да ја сфатат опасноста од она што го прават“.
Русија не ја нападнала Украина и не планира да нападне ниедна друга земја, изјави Лавров по разговорите со Кулеба водени по иницијатива и со присуство на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Што се однесува до вашето прашање дали планираме да нападнеме други земји – не планираме да нападеме други земји. Не ја нападнавме ниту Украина… многупати тоа го објаснивме. Се создаде (во Украина) ситуација којашто предизвика директна закана за безбедноста на Руската Федерација“, изјави Лавров.
Потенцираше дека Украина планирала да ги нападне доминтно проруските самопрогласени републики Донецк и Луганс веќе во март. Таквите извештаи претходно седмицава повеќепати беа изнесени од страна на високи руски функционери кои се повикуваа на запленети или пресретнати документи во кои се наведуваат планови за наводен украински напад во Донбас.
„И покрај нашите повеќегодишни потсетувања, опомени, апели, предлози…, никој нѐ не послуша. Претседателот (на Русија, Владимир) Путин многупати зворуваше на оваа тема многу детално. И фактите кои сега се откриваат на ослободените територии особено во регионите Донецк и Луганск, говорат дека бил планиран нападот врз нив уште овој месец“, рече Лавров.