Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба објави во вторникот дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ѝ понудил на неговата земја, која е на удар на соседна Русија, повеќе помош во санкции и со оружје.
„Во нашиот разговор, секретарот Блинкен потврди дека поддршката на САД за Украина останува непоколеблива. Истакнав дека Украина чезнее по мир, но сѐ додека сме под напад на Русија потребни ни се повеќе санкции и оружје. Секретарот ме уверуваше и во двете. Ги координиравме следните чекори“, објави Кулеба на Twitter без да наведе поединости.
САД на Русија, во координација со сојузниците, изминатите години воведоа дополнителни санкции на претходните стотици, за да го ограничи пристапот на Москва до странски фондови, вложувања или технологија како одмазда за нападот на Украина.
САД ја вооружуваат Украина континуирано од 2014 година, а позначајни испораки во последното време беа во есента и декември 2021 година. Американскиот претседател Џо Бајден во петокот на Стејт департментот да испорача оружје во вреднспота од дополнителни 350 милиони долари од американските резерви.
Но Вашингтон цврсто го одби украинското барање Западот да воведе зона на забранети летови, според урнекот на НАТО интервенцијата од 2011 година во соборувањето на либискиот водач Моамер ел-Гадафи. Според американската страна, која тоа повеќепати го повтори во понеделникот, тоа би преставувало чекор кој би ги довел западните земји во директен судир со руската војска.