Кулминација на некултурата и навредите од идеолозите на СДСМ. Идеологот на СДСМ, сопственик на весникот „Слободен печат“ и на порталот „Плус Инфо“ со скандалозни изјави и навреди упатени до сите оние што не се сложуваат со неговите ставови за федерализација на Македонија.
„Торлаци“, „кретеноиди“ и „психопати“… Со овие најнедолични зборови Бранко Героски во својот текст објавен на порталот „Плус Инфо“ им се обраќа на симпатизерите, членовите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова не е прв пат, човекот што постојано е на браникот на интересите на СДСМ отворено да ги навредува половината милион Македонци кои го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ.
Пред само две недели на насловната страна на неговиот весник „Слободен Печат“ осамна фото – монтажа на која поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ тој ги изедначи со стадо овци.
Героски на луѓето…