Култната црно-бела кожена јакна којашто ја носеше Мајкл Џексон во реклама за „Pepsi“ од 1980-е е продадена на наддавање за 250.000 фунти.
Станува збор за еден од повеќе од 200 различни предмети на познати личности кои беа понудени од Propstore, една од водечките светски компании за продажба на сувенири, костими и реквизити на познати личности од шоу-бизнисот.
Меѓу нив беа и јакната на Џорџ Мајкл, штипка за коса која ја носеше Ејми Вајнхаус, предмети што му припаѓале на Дејвид Боуви, на членови на бендовите Oasis и Beatles.
Џексон се појави во црно-бела јакна во 1984 година во една од првите од серијата реклами на „Pepsi Co.“. Овие реклами денес најдобро се паметат по тоа што на едно од снимањето на Џексон му се запали косата и се здоби со изгореници по проблем со пиротехника, но во тој инцидент носел друга јакна.
Кожената јакна „La Rocka“ на Џорџ Мајкл, носена во спотот за „I Knew You Were Waiting (For Me)“ со американската пејачка Арета Френклин е продадена за 93.750 фунти, што е значително над нејзината проценета вредност омеѓу 30.000 и 60.000 фунти.
Прамен вештачка коса што го носеше покојната британска пејачка Ејми Вајнхаус во музичкото видео „You Know I’m No Good“ од 2007 година беше продадено за 18.750 фунти, нешто над долниот дел од проценката.
Марк Хохман, директорот за музика и постери на Propstore, пред аукцијата рече дека многу од предметите првпат се понудени на јавно наддавање. Рече дека илјадници предмети кои му припаѓаат на Џексон биле продадени во минатото. Црната „федора“ шапка што ја носеше непосредно пред да го изведе својот познат танц во спотот „Moonwalk“ во 1983 година, беше продадена на аукција во Париз во септември за 77.640 евра.