Култниот бренд на минерална вода „Perrier“ може да ја изгуби етикетата

Култниот бренд минерална вода „Perrier“, произведван од швајцарската компанија „Nestle“, е на работ од исчезнување, пишува весникот Monde, повикувајќи се на доверлив извештај од регионална здравствена агенција во Франција, кој потврдува дека производителот може да ја изгуби етикетата за природна минерална вода.

Извештајот бил подготвен во август од страна на регионалната здравствена агенција (ARS) на Окситанија по инспекција во единствената фабрика за флаширање на водата „Perrier“ во градот Вержез, во департманот Гар. Во документот се наведува дека сопственикот на брендот компнијата „Nestlé Waters“, треба сериозно да размисли за „запирање на производството на минералната вода во фабриката Вержезе“ поради редовното влошување на квалитетот на водата и виролошките ризици.

„Ова може да биде смртен удар за Perrier. Најпознатиот светски бренд за газирана вода е во опасност да ја изгуби ознаката за природна минерална вода која ја градеше својата репутација повеќе од еден век“, пишува весникот.

Како што забележува Monde, иднината на брендот „Perrier“ и неговата производствена локација во Вержезе сега зависи од одлуката на префектурата на одделот да ја обнови лиценцата за експолатација на „изворот на Perrier“. Како одговор на барањето, префектурата соопшти дека може да се донесе одлука во „првата половина на 2025 година“ по заклучокот на хидрогеолозите, што ќе го надополни извештајот на ARS.

Претходно изданието Mediapart објави дека швајцарската компанија од 2005 година продавала непрочистена природна вода кака минерална вода и на тој начин заработила повеќе од 3 милијарди евра. Според францускиот регулатор за заштита на потрошувачите, компанијата се занимавала со нелегална филтрација на водата, која ја продавала како наводно минерална вода. Станува збор за брендови флаширани во планинскиот венец Вогез.

Во исто време, третираната вода често била контаминирана со различни патогени бактерии. За прочистување на водата, компанијата набавила специјални уреди за третман со ултравиолетови зраци, како и микрофилтри.

Во септември, обвинителството во општината Епинал во департманот Вогез на североистокот на Франција соопшти дека „Nestle Waters“ ќе плати казна од 2 милиона евра откако ќе постигне судска спогодба „во јавен интерес“.