Кулушевски и Бетанкур во Тотенхем

Шведскиот напаѓач со македонско потекло Дејан Кулушевски и уругвајскиот играч од средниот ред Родриго Бетанкур го напуштаат торински Јувентус за да се приклучат на тимот на лондонски Тотенхем, објавија двата клуба во понеделникот неколку часа пред завршувањето на зимскиот преоден рок за фудбалерите.

Големата надеж на шведската селекција, 21-годишниот Кулушевски во Торино дојде пред 18 месеци за 44 милиони евра за да стане еден од предводниците на новиот Јувентус а сега под слични финансиски услови е продаден на Тотенхем. Лондонскиот клуб ќе плати 10 милиони евра за позајмувањето на 18 месеци, до јуни 2023 година, а потоа ќе мора да го откупи неговиот договор, според одредени спортски критериуми, за 35 милиони евра.

Дваесет ичетиригодишниот Бетанкур во тимот на „Старата дама“ е од 2017 година а сега е продаден за 19 милиони евра, на што може да се додадат 6 милиони евра бонуси според спротски критериуми.

Двајцата играчи доаѓаат како засилувања коишто ги бараше менаџерот на Тотенхем, Антониот Конте, кој ги запозна нивните квалитети изминатите две сезони во Серија А, а не е неважно дека на Јувентус ќе му донесат малку свежи пари по вложените 70 милиони евра за доведувањето на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Ослободија простор во буџетот и за швајцарскиот интернацион играч за врска Денис Закариа, а Јуве, исто така, би тренало да се ослободи од својот играч на истата позиција Арон Ремзи кој ќе оди на позајмување во Глазгов Ренџерс.

Тангуја Ндомбеле од Тотенхем, се врати во порашениот клуб Лион на позајмица до 30-ти јуни 2022 година со опција за откуп од 65 милиони евра. Ндомбеле, кој им се приклучи на Спарс од Олимпик Лион за клупскиот рекорд од 73 милиони евра во 2019 година, не успеа да импресионира со своите претстави во Англија, а навивачите на крајот го исвиркаа кога беше заменет против Морекамбе во ФА Купиот овој месец.