На 04.07.2014 година во 14,45 часот во с.Матејче-Куманово, И.М.(1989) од Куманово, вработен во „Електролајт“, при извршување на работи на бетонски столб за пренос на електрична енергија, допрел со главата на електрична жица и како последица од струен удар починал на самото место.
Увид на лице место извршиле ЈО, екипа од СВР-Куманово и инспектор од Државен трудов инспекторат, во присуство на претставници од ЕВН. Телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.