Кумановци извршиле милионска кражба

Кривична пријава е поднесена против Љ.М.(17), И.Н.(28), М.А.(15), како и Р.А.(24) од Куманово.

Тие на подрачјето вршеле тешки кражби во куќи одземајќи пари, златен накит и техничка стока и предизвикале штета од околу 3.394.800 денари.