Напад среде улица се одиграл во Куманово во саботата, откако непознати возеле агресивно, свиреле и следеле неколку лица со автомобил, а кога возачот застанал физички го нападнале.
Во текот на вчерашниот ден околу 15,30 часот, И.А од Куманово пријавил дека додека управувал патничко моторно возило “Даеву Матиз“ со кумановски регистарски ознаки, во кое како сопатник бил Н. К. од Куманово, истите биле следени од патничко моторно возило темно сина боја, со непознати регистарски ознаки, кое возело агресивно позади нив и цело време свирело.
На крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Индустриска“, И.А. го запрел своето возило и излегол од него, по што бил физички нападнат од страна на две непознати лица кои излегле од другото возило.
СВР-Куманово презема мерки за расчистување на настанот.
ФИЗИЧКИ НАПАД