Кривична пријава е поднесена против четириесетгодишниот И.Ш. од Куманово кој се сомничи за „убиство во обид“.
Тој во мај годинава околу 21,00 часот во кафетеријата „Ретро кафе“ во Куманово започнал вербална расправија со А.М.(29) од Куманово, а потоа надвор од кафетеријата го нападнал со нож нанесувајќи му убодна рана во пределот на вратот и расекотина на грбот, по што се дал во бегство.
А.М. бил пренесен во Општа Болница Куманово каде му се констатирани телесни повреди.