Кривична за кумановец кој се обидел да прокруимчари 14 емигранти во земјава.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, денеска, околу четири часот во автомобилот на 46-годишниот Х.А. од Лојане биле откриени 14 мигранти.
Полицијата во возилото „форд мондео“ со швајцарски национални ознаки на автопатот во близина на село Прдејци, гевгелиско забележале 13 Авганистанци и еден Сириец. Тие илегално влегле во државата на граничниот премин Богородица, а биле откриени додека се обидувале да влезат во автомобилот на кумановецот.