Дваесет и петгодишниот В.М. од Куманово доби кривична пријава бидејќи му нанел телесна повреда на дваесет и тригодишно момче кое возело мотор пред куќата на пријавениот.
Пријавениот со цврст предмет го удрил оштетениот во пределот на десното рамо.
Повредениот од страна на случаен минувач е пренесен во ЈЗО општа болница Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда.