Кумановец го пријавил својот дваесет и четиригодишен син во полиција откако му нашол марихуана.
Против момчето е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Неговиот татко, кон крајот на јануари годинава, се јавил во полициската станица и побарал нивна екипа да дојде во семејната куќа, бидејќи нашол дрога, која припаѓала на неговиот син.