Кумановец бил прободен со нож во неговиот дом од гостин во неговиот дом, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 21.45 часот на улицата Доне Божинов, во станот на Н.Д. (40), каде на гости биле М.С. (47) и Љ.М.(43) од Куманово. По кратка расправија, Љ.М. најпрво го удрил М.С. со чаша во пределот на главата, а потоа со остар предмет на Н.Д. му нанел две убодни рани во пределот на градите, по што избегал.
Н.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, a потоа поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Кај М.С. констатирана е телесна повреда и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.