Кумановец пукал во кафеана

Куамновец испукал 17 куршуми во кафеана, за среќа нема повредени.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера, околу два часа по полноќ 41-годишниот К.Н. направил хаос во кафеаната „Аљби“.

Тој, прво испукал три куршуми надвор преку прозорецот од кафеаната, а потоа излегол од објектот и испукал уште неколку куршуми во воздух.

Полицијата извршила  увид на местото на настанот, каде се пронајден 17 испукани чаури.

По целосно расчистување на слуајот, против К.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.