
Против триесет и едногодишниот Д.С. од Куманово ќе биде поднесена соодвета пријава бидејќи вчеравечер вербално нападнал полицајци на крстосницата од улиците „Македонска ударна бригада“ и „Народна револуција“.
Вербалниот напад следел по предупредувањето на Д.С. од страна на полицајците бидејќи претекнувал заостаната колона возила поради сообраќајка.
По инцидентот Д.С. бил приведен во полициска станица.