Во неделата вечерта во 18,30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода 24-годишната М.З. од Куманово.
Младата жена била затекната при обид да одземе предмети во куќа на улицата „Братство Единство“ во Куманово.
М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.