Кумановци ќе се соочат со квалитетни противници, каде турски Турк Телеком Анкара ќе биде носител на групата, а тука се и полскиот Роса Радом и финскиот КТП Баскет.
Првичниот впечаток е дека групата не е премногу тешка, иако е јасно дека станува збор за нималку наивни противници и мечеви на кои кумановци ќе мораат да го дадат максимумот доколку сакаат да стигнат до позитивен резултат. Анкара важи за фаворит за првото место во групата, но Куманово со досегашниот ростер и со уште неколку квалитетни засилувања би можело сериозно да се вмеша во битката за второто место и пласман во следната фаза од ФИБА Еврокупот.
Македонскиот вицешампион во првото коло,на 28 октомври, ќе го игра и најтешкиот дуел, на гостински терен против Турк Телеком Анкара. Првиот домашен меч е закажан за 4 ноември, кога во Куманово ќе допатува финскиот претставник КТП Баскет.