Доктор Зоран Ѓорѓиевски од Куманово е кандидат за пратеник од редовите на Коалицијата „За Подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во втората Изборна единица.
Тој е во интервју за Нетпрес, говори за плановите и програмата која Коалицијата „За Подобра Македонија“ ја има зацртано за Куманово и реонот околу овој град, односно што се’ е планирано за развој и напредок.
* Како тече изборната кампања?
Изборната кампања започна со промоција на програмата на ВМРО-ДПМНЕ , која содржи многу проекти предложени од граѓаните и проекти со кои очекуваме да се подобри животот на граѓаните, а истите ќе бидат со сигурност реализирани по големата победа на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ на престојниве избори кои ќе се одржат на 11 декември. Во текот на кампањата ќе се сретнеме со многу луѓе на кои ке им ја претставиме програмата и ќе одржиме многу мини митинзи и големи собири на граѓани на кои ќе им ја побараме довербата за претстојниот предиод од четири години во кој ќе се заложиме да го оствариме ветеното.
* Како кандидат за пратеник од ИЕ 2 кои се’ проекти можете да им ги ветите на граѓаните од оваа изборна единица?
Ние како партија се залагаме за добробит на сите граѓани во Репубика Македонија и се надевам со добрите економски политики кои ги имавме во досегашниот период ќе можеме да ги реализираме сите проекти кои ги имаме во програмата. Како еден од топ приоритетите во претстојниот мандат од четири години ќе ни биде Изградба на Технолошко Индусгтриска Развојна Зона (ТИРЗ) во Куманово со што ќе изградиме услови странските и домашните компании да инвестираат во отварање на нови индустриски капацитети кои ќе донесат нови работни места за граѓаните од овој регион.
Бидејќи во Куманово работата е алармантна, а изградбата на ТИР зона може да потрае и до година дена и поради деструктивните политики на локално ниво кои ги прави локалната власт предводена од СДСМ, затоа ќе се стави акцент на што поскоро реализирање на проектот наречен „Жртви на Транзицијата“, со кој огрмните индустриски капацитети кои ги имаше Куманово пред криминалната транзиција направена од нашиот политички опонент, во кој период многу граѓани на Куманово ги изгубија своите работни места и од најинустриски град од Куманово направија касаба и ги натераа луѓето да заминуваат од градот се’ со цел да најдат начин да преживеат, ќе се ревитализираат и повторно ќе проработат.
Како што кажа и на промоцијата на програмата „РЕАЛНО“, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и најави дека посебен фокус ќе имаат деветте кумановскси фирми: Кожара Куманово , Тутунски Комбинат Куманово, Житомел , Кланица и Ладилник Куманово, Сточарска фарма Куманово, КЕН Куманово, Жито Нама, Искра Куманово и Фудс Куманово.
За ревитализирање на овие фирми и предизвикување на стратешките инвеститори да инвестираат државата предвидува 2.000 евра за секое ново работно место, а за вработен стечаец 4.000 евра, под услов работникот да се задржи на работа минимум 5 години, Финансиска помош, за адаптација, реконструкција, набавка на машини и опрема, во износ од 10 отсто од инвестираната вредност, максимум 500.000 евра, Ослободувања од плаќање на данок на добивка 2 години, и од персонален данок и социјални придонеси 3 години, доколку вработените ги задржи на работа најмалку уште 3 години. Потоа обезбедување на обуки, прекфалификации и професионално усовршување и други поволности.
* Што уште нуди програмата „РЕАЛНО “ за граѓаните од овој регион?
Па како што најавивме за овој регион се предвидени и други проекти кои ги засегаат граѓаните и тоа се изградба на нов Ургентен Хируршки центар во Куманово кој ќе ги опслужува граѓаните не само на Куманово туку на целиот Североисточен регион и конечно граѓаните на Куманово ќе добијат современ Ургентен хирушки центар со комплетна дијагностичка и тераписка инфраструктура која оди со него. Исто така за Болницата во Куманово се предвидени и добивање на ДИГИТАЛЕН МАМОГРАФ, Гастроскоп, Коланоскоп и уште многу други медицински апарати во вредност од над 900 илјади евра во наредните четири години.
Уште тука се и зголемувањето на капацитетите на постојаните градинки во Куманово и изградба на седум нови граинки, затоа што ова претставува огромен проглем на граѓаните на Кумнаово кои моментално мака мачат со наоѓање на капацитет за сместување на своите деца во претшколска возраст. Свесни сме дека Куманово има многу млади населби со многу млада популација и потреба за објекти од ваков тип и ова е многу реален проблем за Општина Куманово. Ова се само дел од прокетите предвидени со програмата РЕАЛНО за Куманово и останатите Општини од Изборна Единица 2.
* Зошто грѓаните на 11 Декември треба да гласаат за програмата РЕАЛНО и коалицијата „ЗА ПОДОБРАР МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, а не на останатите политички партии?
Па за разлика од другите граѓани на Република Македонија , кои не можат и не знаат и претпоставуваат какво би било владеењето на СДСМ доколку дојде на власт граѓаните на Куманово го имаат веќе 25 години на власт на локално ниво, но и го имаа кога и на локално и на центрано ниво владееше СДСМ, ја не гледам дека градот процвета, туку напротив потона и јас не гледам дилема од онаа што ние го нудиме напредок оживување на Куманово и од она што досега ни го направија ја не гледам дилема кај граѓаните за која опција треба да се одлучат. За разлика од граѓаните на другите општини во Република Македонија, ние сме свесни дека граѓаните на Куманово ќе имаат страшен притисок, секој пат пред секои избори потпишуваме конвенции за фер избори меѓутоа ние сме свесни сето она што вие медиумите не го пренесувате, граѓаните го чувствуваат, сите што се запослени во јавните претпријатија, во Општината во Основните и Средните училишта во Куманово се под страшна пресија , така да синтагмата „ИЗЛЕЗИ И СЛОБОДНО ГЛАСАЈ“ политичкиот опонент ја злоупотребува не ние. Од тука ми е храброста да кажам дека граѓаните на Куманово ќе немаат дилема и својот глас на 11 декември ќе го дадат за ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“.