Куманово ќе добие Ургентен центар

Според Груевски, завршени се сите подготвителни работи за изградбата.  Главниот проект е готов. Проценката е дека ќе чини околу 48 милиони денари, рече  Груевски по пуштањето во употреба на Тенискиот центар „23 Октомври“ во Куманово.

Од ноември годинава и следната година, потенцира Груевски, активно ќе се гради ветениот од нас ургентен центар. Согласно ветеното се трудиме да ја запазиме динамиката и да почне градбата оваа година, рече Груевски.