
И во вториот натпревар од втората фаза во БИБЛ Куманово забележа победа, која и тоа како ќе му помогне во борбата за пласман во плејофот.
Со добра игра во одбраната во завршницата, избраниците на Страшо Тодоровиќ го совладаа Морнар со 86:88.
Луковиќ со 26 поени и 13 скокови беше најефикасен играч на натпреварот, а одлична партија пружија и Костоски со 18 поени и 6 асистенции, како и Филиповиќ кој беше стрелец на 13 поени.
Кај Морнар, Никола Кораќ реализираше 25 поени.
Со овој триумф, Куманово остана на втората позиција на табелата со ист број на бодови како и Крајова која синоќа го совлада Пеќ и со еден бод помалку од косовскиот состав. Во наредното коло, Куманово повторно ќе игра против Морнар но овој пат на домашен терен. Таа средба се игра на 18 февруари.