5.8 C
Skopje
петок, јануари 24, 2025

Кумановскиот градоначалник негативен на Covid-19, ги отфрла наводите дека бил позитивен

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски објави дека е негативен на Covid-19 и вели дека ги отфрла сите наводи за негова позитивност на коронавирус.

„Почитувани пријатели, драги граѓани,

Ви се заблагодарувам од срце на сите пораки со подршка и желби за закрепнување.

Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство.
– Сите тестови се НЕГАТИВНИ

 

Денеска од епидеmиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета.

Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата.

– Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне.Посакувам брзо закрепнување на сите мои граѓани кои во моментов се борат со болеста а на сите останати да ги почитуваме мерките и да држиме социјална дистанца“ ,напиша Димитриевски на ФБ.

По ваквата објава се поставува прашањето, дали позитивниот тест претставува манипулација со Димитриевски? За потсетување, по средбата со него и веста дека е позитивен на коронавирус, во изолација заминаа и техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

„Се работеше ли за неверојатен популизам, местејќи го Димитриевски, техничкиот премиер и останатите министри да играат на картата на емпатија кај граѓаните и да глумат заразени?“, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Другото прашање кое се наметнува е колку се веродостојни тестовите на министерството за здравство, кои еднаш покажуваат позитивен, другпат за само неколку дена негативен резултат на ист човек, во овој случај градоналникот Димитриевки. Пред точно една седмица, на 16-ти април, тој самиот објави дека тестот му е позитивен, заедно со 40 негови сограѓани.

Во меѓувреме, но и пред 16. април, Димитриевски повеќе пати остро ја критикуваше владата на СДСМ за лошата реакција во Куманово.