Кумановскиот градоначалник заразен со коронавирусот

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, објави во четвртокот на социјалните мрежи дека ги добил резултатите од тестовите кои покажуваат дека и самиот тој е меѓу четириесеттината новозаразени во овој град.

Димитриевски е втор челник на општина во Македонија кај кого е потврдена инфекцијата со коронавирусот. Минатата седмица беше потврдено дека градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев, и неговата сопруга се позитивени на тестирањето за коронавирус.

Киманово, според големината на општината и вкупниот број на населението, е најпогоденото подрачје од епидемијата во земајта. Регистрирани се 263 заразени  според последните официјално објавени бројки има десет починати лица. Поради тоа и Димитриевски и речиси севкупното население во општината бараа воведува посебни карантински мерки и затворање на градот по примерот на Дебар, каде тоа беше сторено веднаш по откривањето на првите случаи на Covid-12 уште на почетокот од март.

Градоначалникот Димитриевски во средата се сретна со меговиот сограѓанин и сопартиец, техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите Венко Филипче и Арбр Адеми и Жарко Караџовски, претседател на комисијата за заразни болести.

Претходно во средата лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во видео-обраќање од самоизолација побара од властите Куманово да не биде заложник на внатрепартиските битки и суетата на Спасовски, и да го прифати барањето на градоначланикот Димитриевски да се прогласи кризна состојба.

„Почитувани сограѓани, драги пријатели,  сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани меѓу кои сум и јас.

Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.

Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите.

Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица.

Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа!, напиша градоначалникот на фејсбук.