Саша Вујисиќ, поранешен припадник на српската Военоразузнавачка агенција (ВОА) кој е во бегство под обвинувањеа дека го штител обвинет во Србија нарко-бос Предраг Колувија, како и дека соработувал со уште една криминална групација, пред две години основал фирма во Македонија, во партнерство со Ѓорѓија Георгиевски, поранешен директор на Бирото за јавни набавки, попосната како кумашин на контроверзниот генерален секретар на владата на Зоран Заев, од оваа седмица веќе „поранешен“ Драги Рашковси,кк пишуваат спрските медиуми
Во јануари 2019 година воениот разузнавач ја основал компанијата „Феникс МС Муниција“ (Feniks MS Ammunition) во Скопје, во партнерство со државјанин на Македонија и истоимена романска компанија која се занимава со производство на малокалбиарска муниција, пишува српски Крик.
За директор на фирмата е назначен Ѓорѓија Георгиевски, поранешен директор на Бирото за јавни набавки во Република Македонија, а истовремено кумашин на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.
Георгиевски беше назначен на оваа јавна позиција од Владата на премиерот на Македонија, Зоран Заев.
Македонија е, исто така, и локацијата на којашто се одвива најмалку една од среедбите меѓу Вујисиќ и обвинетиот нарко-бос Предраг Колувија, кому му се суди за одгледување марихуана на имотот на неговата компанија „Јовањица“ под маската за производство на органски зеленчук и индустриски коноп.
Колувија го нарекувала Вујисиќ со прекарот „Буф“ (Сова), според пораките од телефонот на обвинетиот шеф на наркотици, на кои обвинителството наишло во текот на истрагата.
ВМРО-ДПМНЕ уште во 2017 година обвини дека Рашковски преку Владата на СДСМ се поим за непотизам и дека државата ја претвориле во приватна фирма.