Од Владата велат дека нема непотизам на „Илинденска“ со назначувањето на Мухамед Зеќири за генерален секретар на местото на Драги Рашковски. Премиерот Зоран Заев му е кум на потпретседателот на СДСМ и поранешен пратеник.
Во секој случај се зема бекграундот и она што Мухамед Зеќири го има постигнато во професионалната карира и врз онсова на тоа е донесена таа одлука по предлог на премиерот – вели владиниот гласноговорник Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.
Зеќири пред една година се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска, а на свадбената веселба кум му беше премиерот Зоран Заев со неговата сопруга Зорица Заева.
Претходната власт беше на удар на јавноста затоа што поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески му беше кум на екс-премиерот Никола Груевски.