Кумашинот на Заев стана секретар на Општина Охрид

Премиерот Зоран Заев си го поставил својот кумашин Игор Бежоски на функцијата Секретар на Општина Охрид, објави „Република“.

На оваа функција, која практично е втора по важност во општинската администрација по градоначалничката, кумашинот на Заев доаѓа од секторот за финансии во истата општина.

Бежоски бил назначен лично од новоизбраниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Јован Стојаноски.