Кумуцакос: Владата ги држи партиите и граѓаните во мрак за преговорите со Скопје

Одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, упати остри критики до грчката Влада дека не ги информира ниту партиите, ниту граѓаните, за преговорите со името, а единствените информации пристигнуваат или од странство или од медиумите.

– Владата ги држи партиите и граѓаните во мрак. Особено сме загрижени, бидејќи гледаме дека се работи на решение на делови, а не на едно конечно решение, што ќе ги вклучува името, имплементацијата, иредентизмот и Уставот. И тоа не може да се прифати, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, јави дописникот на МИА од Атина.