Со убедливи победи Барселона и Атлетико Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Купот на шпанскиот крал.
Барселона иако се соочи со прволигашкиот ривал Бетис, лесно ги демолираше и ги совлада Андалузијците со 5:1. По првото полувреме Барселона имаше два гола предност, Гави во третата минута и Кунде во 27 минута. Барселона продолжи да ја полни противничката мрежа и во вториот дел, со головите на Рафиња во 58. минута, Феран Торес во 67. минута и Ламине Јамал во 75. минута, го постигна конечмите 5:0. Утешниот гол за гостите го постигна поранешниот играч на Каталонците, Роке од пенал во 84. минута.
Атлетико играше на гости кај второлигашот Елче каде победи со 4:0. Првите два гола ги постигна Норвежанецот Сорлот, во 8. и 29. минута од пенал, додека работата ја заврши во вториот дел, кога Атлетико имаше играч повеќе, Рикелме во 61. и Алварез во 75. минута.
Валенсија во вторник се пласираше во осминафиналето, додека преостанатите три натпревара ќе ги одигра во четврток. Се среќаваат Реал Сосиедад – Рајо Ваљекано, Атлетик – Осасуна и Реал Мадрид – Селта.