Зоолошката градина на Град Скопје ги повикува сите општествено одговорни компании, ресторани и институции да купат влезници за ЗОО Скопје кои ќе важат до 1 јуни 2025 година, а кои ќе можат да ги поделат на своите вработени, потрошувачи и клиенти.
-Зимата е најчесто период со најмала посетеност, а тимот на Зоолошката градина секогаш се труди и успева животните да добиваат првокласна храна според класифицирана европска табличка и да имаат најдобри услови, иако цената за влез е само 80 денари, а месечните трошоци се речиси три пати поголеми од пред само три години, се вели во соопштението.
Посочуваат дека со секоја купена влезница се помага за благосостојбата на животните, како и во прославата на јубилејот „100 години Скопје ЗОО“.
Сите заинтересирани може да ги контактираат на [email protected]