Во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре ќе се одржат презентации во Прилеп, Крушево и во Македонски брод.
Како што соопшти Министерството за финансии, караванот е планирано да одржи презентации во 30 општини. Следните презентации се во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Дебар.