![sebastijan kurc](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/sebastijan-kurc.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Австрискиот канцеларот Себастијан Курц сака да се насочи на личната одговорност наместо на државната контрола, и покрај сѐ поголем број на заразите со коронавирусот.
„Кризата се менува од акутен предизвик за општеството во целина до поединечен медицински проблеми“, изјава австрискиот канцелар Себастијан Курц во саботата за неколку регионални медиуми и додаде дека „на оние на коишто не се вакцинирани мора да им биде јасно пред или подоцна ќе се заразат“.
Конзервативниот австрискиот политичар истакна и дека во „либералната демократија луѓето имаат право да постапуваат неразумно“.
„Можете да изедете десет шницли дневнили или да се искачите на карпа со 140 килограми, а државата да не стои долу и да го обезбедува јажето“, рече Курц.
Во изјави за медиумите рече дека „државата сега мора да се врати на своите темелни задачи“, како и дека „благодарејќи на напредокот во вакцинирањето, носењето маски и масовното тестирање, ситуацијата е неспоредлива со минатото лето“.
Во Австрија на почетокот од јули укината е мерката за одржување на физичкото растојание и повторни се отворени рестораните. Од тогаш седумдневната инциденца на заразата со коронавирусот на 100.000 жители пораснала од седум на десет.
Здравствените стручњаци очекуваат четврти бран на епидемијата поради појавата на новиот делта сој на коронавирусот.