Курц бара нов договор за ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц повика на преговори за нов договор за Европската унија кој би го заменил постојниот Договор од Лисабон а за кој смета дека „повеќе не е прилагоден“ на предизвиците кои стојат пред членките на Унијата.

По усвојувањето на Лисабонскиот договор во 2007 година Европската унија се соочи со „кризата на еврото, должничката, миграциската и климатската криза, како и со хаосот околу брегзитот“, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц три седмици пред изборите за Европскиот парламент кои ќе се спроведуваат од 23-ти до 26-ти мај. Во тој конекст потребен е „нов договор за ЕУ, бидејќи актуелниот повеќе не е соодветен“, истакна Курц во разговорот објавен во петокот во неколку австриски медиуми.

Курц, кој веќе подолг период заговара поголема супсидијарност во рамките на ЕУ, смета дека Унијата би требало да се насочи на својата надворешна и безбедносна политика, но без формирање заедничка војска, идеја којашто ја заговараат францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Австрискиот канцелар сака и реформа на европските закони за конкурентноста, за европските компании „да можат без пречки да се натпреваруваат со меѓународните гиганти“.

Курц заговара и „појасни санкции против членките кои се задолжуваат, кои не ги регистрират и ги пуштаат мигрантите да минат во другите земји членки, како и оние кои го загрозуваат владеењето на правото и либералната демократија“. „Имаме многу правила кои не се спроведуваат, бидејќи прифаќаме исклучоци и го вртиме погледот“.

Австрискиот канцелар сака да се намали и бројот на еврокомесарите, иако тоа би значело дека во Европската комисија нема да бидат претставени сите земји членки. Со еден претставник по држава „денес има повеќе комесари отколку областина одговорноста“, смета Курц.

Исто така, Курц се залага и седиштето на Европскиот парламент да биде само во Брисел, а не и во Стразбур, што Париз го одбива.

Курц смета дека е клучно новото водство на ЕУ наесен да ја започне реформата на Унијата. „Важно е што поскоро тоа е можно по изборите да немаме само други луѓе, туку и од темели нова насока“, смета австрискиот канцелар.

Себастијан Курц на власт во Австрија е од декември 2017 година, во коалиција со крајната десница Слободарската партија. На европско ниво, пак, смета дека „десните популисти не може да бидат сојузници“, истакнува. „Потребна ни е силан политика на центарот“, заклучува австрискиот канцелар чијашто Народна партија (OeVP), која е дел од конзервативната коалиција Европската народна апртија (EPP).